Honda HR-V за најсреќниот купувач на Макпетрол
Заврши наградната игра на Макпетрол, Со Верна полни и секогаш добиј, која во своето финално мастер и деветтото редовно коло им донесе вредни награди на најсреќните
Објавено на 18 декември 2019 година
Пред 5 години со желба да ја покаже својата благодарност кон лојалните потрошувачи, компанијата Макпетрол ја лансираше Верна програмата за лојалност преку која обезбедува дополнителни погодности и предности за верните потрошувачи. „На наше огромно задоволство бевме сведоци на брзото растење и развивање на оваа современа платформа за лојалност. Како компанија секогаш свртена кон потребите и желбите на своите потрошувачи, долго време посветивме да ја создадеме и да ја отпочнеме Верна програмата за лојалност. Со текот на времето програмата беше проширена со наградни игри, како и со многубројни промоции во маркетите на нашите бензинските станици. Денес, после 5 години од отпочнувањето на програмата, семејството Верна брои 183.000 членови“ – изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг.
Оваа година во наградната игра учествуваа над 1.500.000 трансакции што покажува дека потрошувачите го препознаваа квалитетот на производите и услугите на компанијата. Досега, во овогодинешната наградна игра компанијата подари многу вредни награди и тоа 9 лаптопи Dell, 18 викенди за двајца во хотелите на Макпетрол, 90 ваучери за Lubex моторни масла, 90 ваучери за гуми, 90 ваучери за Crystal car средство за стакла, 90.000 Верна поени, косилка за трева Honda, скутер Honda, гумен чамец со приколка и мотор Honda и четирицикл ATV Honda. „Платформата Верна беше создадена од две причини: првата и основна причина се нашите верни потрошувачи, а придобивките од нивната реакција што го добивме преку неа се од голема важност за нашата компанија. Таа ни го олесни начинот на комуникација со нашите потрошувачи и ни овозможи полесно да ги следиме нивните потреби и желби. Анализирајќи ги овие заклучоци можеме со сигурност да кажеме дека Верна е проект кој вроди со големи придобивки, како за нашите верни потрошувачи, така и за нас. И покрај брзиот успех, ние во Макпетрол не престанавме да вложуваме во оваа платформа поради што верувам дека нашите потрошувачи и понатаму ќе ни ја подаруваат својата доверба кога станува збор за горивата и дополнителните услуги кои ги нудиме“ – кажа Љупчо Георгиевски, директор на секторот за малопродажба.
Ацко Арсовски со број на Верна картичка 242763 беше среќниот добитник на лап топ Dell, додека најсреќен оваа јубилејна година беше Абдулах Јетиши со број на Верна картичка 356718, добитник на главната награда, прекрасната Honda HR-V. Од компанијата ги честитаа претстојните празници и оние кои не биле толку среќни оваа година ги повикаа да продолжат да бидат дел од програмата Верна со надеж дека во 2020 година ќе им се насмевне среќата бидејќи како што официјално најавија, наградната игра ќе продолжи и понатаму, за што повеќе детали ќе бидат соопштени дополнително.



