718 Cayman GT4 e-Performance – Northvolt го кочи Porsche

Банкротот на Northvolt создава нервоза кај Porsche

Оваа неочекувана ситуација сериозно им ги нарушува плановите за лансирање на електричниот 718. Моделот беше развиен и технички беше подготвен уште пред година ипол но од маркетиншки причини се чекаше на вистинскиот момент за негово лансирање кој сега дебело е доведен во прашање.

Технологиите на кои ќе биде базиран водат потекло од тркачкиот концепт Mission R и веќе се појавија кај прототипот 718 Cayman GT4 ePerformance, а дел од нив ќе бидат заеднички и со електричниот Macan. Со сличен проблем може да се соочи и Audi чии идни модели ќе ја делат истата архитектура но за разлика од Porsche тој веќе има договорено резервни добавувачи за батерии како што се CATL и LG.

Porsche пак сакајќи да ја искористи принудната пауза во меѓувреме се зафати со ревизија на погонскиот систем на електричниот 718 со намера да го направи подобар, но повеќе за да добие на време да созреат индустриските можности за негово сериско производство. Колку се сериозни работите докажува и тоа што овој модел беше планиран за лансирање дури кон крајот на идната година. Од Porsche сепак се надеваат дека Northvolt ќе успее да се консолидира бидејќи неговите батерии со повисока енергетска густина се повеќе погодни за вградување во еден ваков спортски модел за разлика од оние на другите добавувачи.

За од ова да се извлече поука треба да се сослушаат најкритично настроените аналитичари на пазарот кои тврдат дека причината за ваквите пореметувања на плановите е пренагласената желба Европа да ја намали зависноста од кинеските производители на батерии. Како и да е испаѓа дека теоријата и праксата дебело се разидуваат заради што треба да се остават работите колку што е можно повеќе да си течат по природен пат.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER