70 години Chevrolet Corvette (видео)

Роденден на американската легенда

Пред точно 70 години започна производството на култниот американски автомобил

Раѓањето на Corvette е поврзано со американските војници кои после враќањето од службата во Европа каде беа стационирани по втората светска војна често со себе дома носеа некои од британските или италијански спортски автомобили. Тоа не помина незабележано од челниците на General Motors кои гледајќи голем пазарен потенцијал донесоа одлука да направат нешто слично, ама со американски гени. Така започна да се создава американската легенда, отворениот двосед Chevrolet Corvette, чија каросерија беше направена од новиот чудесен пластичен материјал.

Развивана под кодното име Project Opel, плановите за Corvette која беше претставена во јануари 1953 година предвидуваа нејзиното производство да започне при крајот на истата година. Но бурните реакции на публиката  го забрзаа работите и тоа стартуваше шест месеци пред предвиденото. Бидејќи фабриката не беше подготвена за тоа, првите 300 примероци, сите во бела боја, се склопуваа рачно. Но иако со атрактивен изглед, во поглед на перформансите и возните својства Corvette беше разочарување. Продажбата беше килава, до толку што малку фалеше да ја заврши кариерата уште пред да ја започне. Но тогаш се појави Ford Thunderbird и работите се сменија од корен и денес Corvette ја живее својата осма генерација.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER