3-Д сопирачките на Bugatti на тест (со видео)

3-Д сопирачките на Bugatti на тест

Матичната група се заинтересира за 3-Д отпечатените сопирачки на Bugatti
Објавено на 28 декември 2018 година
автор: Стефан Рафајловски

Пред околу една година, Bugatti се пофали дека ги има направено најголемите сопирачки со примена на 3-Д техника на печатење. Но веста примена повеќе како куриозитет привлече внимание и во матичната група на луксузната марка, која ја подложи оваа иновација на ригорозни тестирања. 3-Д сопирачките наменети за Chiron се направени од титаниум и имаат клешти со 8 клипа и 16 инчи во дијаметар. Тежат само 2,9 килограми, што е за 40 отсто помалку од оние кои сериски се вградуваат во хиперавтомобилот и овозможуваат сила на кочење од 125 kg на квадратен милиметар. Произведени се со помош на четири ласери од по 400 вати, кои 45 часа нанесуваат 2.213 слоја на титаниумски прав. Од компанијата не ги соопштија плановите за нивно сериско вградување, но сега после ова тестирање на VW групата, многу работи можат да се сменат. Имено, машината на која тие се направени симулира кочење од брзина нормална за Chiron – 375 km/h. Во такви услови температурата на сопирачките достигнува 1.000 степени целзиусови и дисковите стануваат вжарени. Како тестовите покажаа дека 3-Д отпечатените сопирачки на Bugatti лесно и без проблеми се однесуваат во вакви услови, еден ден можеби ќе бидат и пошироко достапни.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER