Честито јубилеј!
Годинава најголемата продажно-сервисна мрежа за пневматици во Македонија одбележува значаен јубилеј
25 години континуирана и активна работа – Пред толку време како семејна фирма Мотоцентар ја започна деловната активност со основна дејност продажба и третман на пневматици. Низ годините што следуваа компанијата го разви бизнисот во повеќе насоки, пред сè со фокус на познати интернационални компании од оваа бранша со кои во периодот од две ипол децении се постигнати партнерства за долгорочна соработка. Следењето на трендовите и почитувањето на локалните услови, на домашниот пазар се постулатите со кои Мотоцентар работи во правец на третман на клиентите и корисниците на услуги, пред сè, преку изборот и унапредувањето на вистинските луѓе и професионалци кои се ангажирани во компанијата.
Денес со сопствена продажно-сервисна мрежа Мотоцентар е присутен на 8 локации во 5 града низ Македонија, каде редовно работат повеќе од 100 вработени. Како општествено-одговорна компанија одржува долгогодишно пријателство со специјалната олимпијада на Македонија и со моментално најдобриот македонски тркач со спортски автомобили, Игор Стефановски – Иџе. Веќе неколку години по ред Мотоцентар соработува и со меѓународната асоцијација DFCCA – Drive for colon cancer awareness, со која по повод одбележувањето на јубилејот „25 години Мотоцентар” беше реализирана хуманитарна акција. Во рамки на настанот во организација на Мотоцентар се одржа и првата изложба во Македонија на модели од најуспешното произведено возило во светот – Porsche 911 Carrera.
Како дополнение кон одбележувањето на јубилејот, за сите потрошувачи, во тек на цел месец Октомври се спроведува акцијата „Мотоцентар 5% Cashback“. Повеќе информации за програмата можете да погледнете на http://motocentar.mk/PromociiStrana.aspx?lngId=1&IdPromocija=49.