Пет јунаци на мегдан!
ID.3 доминира со стил
објавено 29. март 2021
Патеката НАВАК и редакцијата САТ беа домаќини на втората 24 часовна трка на електрични автомобили. Петте конкуренти покажаа високо ниво на технологија која беше подвргната непрекинато во тек на едно дено-ноќие. Hyundai Ioniq, Mazda MX-30, Nissan Leaf, Renault Zoe и VW ID.3 влегоа во арената со јасни правила на играта кои петте тимови сочинети по двајца возачи ги почитуваа во текот на тестот. Главна логистика беа двата полначи од АВВ, едниот со испорака на струја до 50 kWh, и поголемиот од 175 kWh. Повеќето автомобили се декларирани дека можат да повлечат до 100 kWh па, поради изедначеност распоредот на користењетото на полначите ротираше. Исто така се придржувавме на советите на производителите да ја полниме батеријата кога ќе останат 20% од капацитетот. Враќањето на патеката се вршеше кога батериите ќе се наполнеа до 80%. Веќе може да се каже дека искуството кое го имаме во тестирањето електрични автомобили е богато. Тие ширум светот веќе не се иднина туку сегашност, заради што решивме низ оваа електрична трка, втора по ред, да го приближиме регионов на тој тренд.
Точно во 11 часот започна трката на петте електрични возила. Иако стратот беше динамичен сепак не беше проследен со адекватни звуци. Се помина во тишина! За овој тест ја користевме комплетната патека на центарот НАВАК. Еден круг е долг 2,5 километри и се состои од 12 свиоци и еден правец долг преку километар. Токму свиоците им даваат шанса на сите автомобили во текот на сопирањето и забавувањето да собираат енергија и да ги дополнуваат батериите, а правецот е симулација на отворен пат. Задача на секој возач на тестот беше да помине што повеќе километри за што пократко време и што помалку полнења на батериите.
Тоа значи дека не се исплатеше да се вози полека само заради штедење, но не се исплатеше ниту брзо да се вози бидејќи батериите пребрзо се трошат. Вистинскиот баланс беше тешко да се постигне, посебно заради тоа што вообичаените правила за штедливо возење тука не се целосно применливи.
Основни податоци за натпреварувачите…
Сите пет модели ги краси несекојдневен дизајн со кого се одвојуваат од класичните автомобили. Поставени на платформи развиени исклучиво за електрични возила овозможуваат поинаков пристап во внатрешноста и динамичноста. Кај сите батериите се сместени во подот па добиено е ниско тежиште и сосема добри динамички својства.
Вкусовите се лична работа но гледајќи ги вака наредени, на едно купче, забележлив е конзервативниот пристап кај Nissan Leaf и класичниот на Renault Zoe. Нај ”драматични“ појави имаат VW ID.3 и Mazda MX-30. Кај првото електрично ”народно возило“ плени едноставноста на модерното. Ме зачуди зошто нема дигитална инструмент табла по теркот на Golf 8, но европскиот крал на компактната класа неможе да понуди толку простор и удобство во кабината. Шмекерскиот МХ-30 делува најхрабро од сите. Неговата купе крос-овер каросерија исполнета со иновативни материјали и смирувачки тонови се вистинска ”зен“ промена од миљето на присутните. Разочарува тотално анахрониот и неадекватен инфотејмент систем чиј екран е монохроматски, не е осетлив на допир и се командува на ротационен прекинувач.
Три години од претставувањето на пазарот Hyundai Ioniq се уште привлекува. Има забележителна појава и просторна внатрешност уредена по теркот на класата. Со капацитет на батериите од 38 kWh и мотор од просечни 136 коњи главните адути се понудата на простор и ергономијата. Не дека во втор план е автономијата, но чувството при престојот во кабината е одлично. Сличен впечаток оставаат децата од француско-јапонскиот брак. Zoe е засилен со зголемена батерија од 41 kWh и мотор од 135 КС па ветува зголемена автономија. Јапонскиот брат има незначително помал капацитет на батериите, но посилен мотор за 15 коњи. Кога сме кај батериите треба да се истакне дека најмал капацитет има МХ-30 од само 35,5 kWh што е своевиден хендикеп, но предноста е во одличната рекуперација и можноста да повлече 100 kWh за полнење. Истата предност ја има ID.3 која зачинета со најголемиот ”резервоар“ меѓу присутните од 58 kWh и, исто така, најсилен мотор со респектабилни 204 коњи.
Првата смена од три часа ја одработивме со Renault Zoe. Најмал од присутните натпреварувачи тој изгледа свежо. Такво му е однесувањето во возењето. Со почетна автономија од 192 километри успеав да извозам час и половина пред да отидам на пауза од 45 минути колку беа потребни да се дополни до предвидениот капацитет и беа повлечени првите 30kWh. Дневната светлост сеуште го красеше сремскиот пејзаж кога седнав зад управувачот на Mazda MX-30. Повисоката позиција на седење дава јасна прегледност проследена со удобност на фотеља. Задржана е тврдоста и добрата управливост но автономијата помала од 200 километри како да не е доволно убедлива.
Километрите лесно се ”џвакаат“ и бргу ми помина времето зад управувачот. Предвидениот одмор за полнење покажа дека за 36 минути акумулаторите повлекле 20 kWh и МХ-30 беше подготвена за возење. Дневната светлост се одјави со почеток на дождот кој нѐ следеше до крајот на тестот. Условите за возење беа отежнати, па темпото на возење одеше во прилог на штедењето. Ноќта ми го откри пријатниот амбиент на внатрешноста на ID3. Сите команди се концентрично поставени околу воланот и лесно се користат.
Веќе од првиот круг јасно дава до знаење дека има најмоќен пакет на мотор и батерија меѓу присутните. Убаво едри, лесно ги прифаќа командите, има изразен комодитет кој може да ве претвори во зависник. На полнач, во зависност од силата, поминуваше помеѓу 31 и 42 минути.
Многумина избегнуваат да возат ноќе, но ја пропуштаат можноста да го доживеат амбиентот дефиниран од светлината која допира од инструмент панелите, амбиенталното осветлување во одличен спој со прецизните снопови на LED фаровите. Како вистинска лимузина се покажа Hyundai Ioniq во секој аспект. Многу простор, удобно седење коректни возни својства.
Се очекува со следната генерација да бидат засилени моторите и зголемени батериите. Сегашните добро се вкомпонирани но времето им истекува бидејќи дури и помалите каросерии имаат слична конфигурација.
Најконфузен дизајнерски впечаток остава Nissan Leaf. Секоја чест на пионерот во комерцијализацијата на електричните автомобили, но како да е заборавен од сопствените редови. Премногу измешани форми, тврда пластика проследени со фер динамика… Целиот склоп делува помалку бајато. Добра карактеристика е брзото полнење и добрата автономија.
СТАТИСТИКА
Верувале или не, целиот овој тест во смисла на потрошената електрична енергија според македонските цени на струјата чинеше помалку од 4.800 денари. За вкупно поминати близу 5.325 километри сите автомобили заедно потрошија околу 790 киловат-часа. Најголема дистанца за 24 часа помина VW ID.3 кој е победник на тестот со 1.183 километри. Интересно е да се нагласи дека разликата помеѓу него и Nissan Leaf, кој е на крајот од колоната, изнесува 229 километри. Во прилог се табелите со податоците собрани во текот на тестот.
VW ID3 – старт 614 km | ||||
километри | полнач | време на полнење | потрошена струја kWh | |
1 | 809 | 50 kW | 0:40:08 | 31.842 |
2 | 963 | 50 kW | 0:42:55 | 34.164 |
3 | 1108 | 50 kW | 0:40:24 | 31.892 |
4 | 1264 | 175 kW | 0:37:23 | 33.85 |
5 | 1412 | 175 kW | 0:34:07 | 36.102 |
6 | 1540 | 175 kW | 0:35:54 | 34.786 |
7 | 1664 | 175 kW | 0:31:50 | 34.748 |
дополнување до 100% | 51.04 | |||
крај на тестот 1797 km, 12% батерија, 22,9 kWh/100 km, поминати километри 1183 |
Nissan Leaf – старт 13671 km | ||||
километри | полнач | време на полнење | потрошена струја kWh | |
1 | 13781 | 175 kW | 0:32:01 | 19.996 |
2 | 13907 | 175 kW | 0:32:15 | 19.61 |
3 | 14027 | 175 kW | 0:43:37 | 21.851 |
4 | 14126 | 50 kW | 0:34:33 | 17.591 |
5 | 14202 | 50 kW | 0:53:30 | 18.52 |
6 | 14289 | 50 kW | 1:07:07 | 19.004 |
7 | 14360 | 50 kW | 0:50:26 | 17.481 |
8 | 14439 | 50 kW | 0:52:50 | 18.349 |
9 | 14520 | 50 kW | 0:38:43 | 19.129 |
дополнување до 100% | 36.8 | |||
крај на тестот 14625 km, 8% батерија, 18,3 kWh/100 km, поминати километри 954 |
Hyundai Ioniq – старт 21 km | ||||
километри | полнач | време на полнење | потрошена струја kWh | |
1 | 237 | 50 kW | 0:00:39 | 22.233 |
2 | 363 | 50 kW | 0:37:54 | 22.455 |
3 | 549 | 50 kW | 0:15:00 | 8.171 |
4 | 549 | 175 kW | 0:31:00 | 9.675 |
5 | 691 | 175 kW | 0:32:22 | 21.823 |
6 | 813 | 175 kW | 0:38:52 | 22.872 |
7 | 939 | 175 kW | 0:42:36 | 23.122 |
дополнување до 100% | 36.768 | |||
крај на тестот 1095 km, 4% батерија, 16,3 kWh/100 km, поминати километри 1074 |
Renault Zoe – старт 28949 | ||||
километри | полнач | време на полнење | потрошена струја kWh | |
1 | 29141 | 175 kW | 0:45:30 | 29.758 |
2 | 29304 | 175 kW | 0:45:14 | 29.579 |
3 | 29430 | 175 kW | 0:41:36 | 26.863 |
4 | 29595 | 175 kW | 0:45:54 | 27.007 |
5 | 29724 | 175 kW | 0:45:53 | 29.544 |
6 | 29874 | 50 kW | 0:42:15 | 25.034 |
7 | 29969 | 50 kW | 0:04:40 | 3.426 |
дополнување до 100% | 45.24 | |||
крај на тестот 30040 km, 13% батерија, 18,7 kWh/100 km, поминати километри 1091 |
Mazda MX30 – старт 7328 km | ||||
километри | полнач | време на полнење | потрошена струја kWh | |
1 | 7464 | 175 kW | 0:36:52 | 19.069 |
2 | 7584 | 175 kW | 0:38:31 | 19.904 |
3 | 7688 | 50 kW | 0:35:27 | 18.396 |
4 | 7786 | 175 kW | 0:31:20 | 17.337 |
5 | 7907 | 50 kW | 0:34:06 | 20.089 |
6 | 8019 | 50 kW | 0:36:22 | 20.089 |
7 | 8112 | 50 kW | 0:33:48 | 18.557 |
8 | 8224 | 50 kW | 0:35:56 | 19.96 |
9 | 8310 | 50 kW | 0:09:04 | 5.36 |
дополнување до 100% | 33.725 | |||
крај на тестот 8351 km, 5% батерија, 18,1 kWh/100 km, поминати километри 1023 |