Сите патишта водат во Рим!
По многу закажувања и откажувања од разни домаќини, честа да ја отвори годинешниот Европски Рели Шампионат му припадна нa вечниот град
објавено на 28.07.2020
Драстичните измени во тркачкиот календар поради пандемијата темелно го реконструираа предвидениот ред на натпревари. Како резултат на тоа, италијанскиот Рели ди Рома Капитале има привилегија за прв пат да ја отвори сезоната на трки. Првично, тркачите требаше да започнат на Азорите, но митингот беше одложен за во март, а правото на домаќин во првиот круг беше пренесено на Канарските острови. Но, оваа трка исто така „се одмори“ и беше одложена во каналдарот до крајот на ноември. Организаторите и спортските тимови полагаа големи надежи во Латвија, но исто така, поради вирусот настанот е презакажан за август. Тогаш Полска доби шанса за организација, но организатори не најдоа можност да ја одржат трката воопшто оваа година и ја одложија за 2021 година. Кога недовербата на сите возачи и тимови се зголеми дека воопшто сезоната нема да се одржи спасот дојде во последен час.
Овој викенд сезоната ќе започне по околните патишта на Рим. Поради стрикните правила за заштита од вирусот ќе отпадне специјалната етапа покрај морскиот брег на Остиа за традиционалната директна трка во парови која е посластица за гледачите.Тоталната километража на релито ќе изнесува 813,57 километри, првиот ден ќе се возат три брзинци на севернозапад од Фјуџи, ќе има уште шест брзински испити од кои во должина од 100 километри на нерамни етапи а во недела ќе се затвори релито по уште 100 километри брзинци. Ќе настапат 15 екипи што успеаа да се квалификуваат. Церемонијалниот почеток на релито и парадата на учесниците ќе се одржи под ѕидовите на замокот Sant’Angelo во Рим.


