1-2 победа за Peugeot

Peugeot E-208 и E-308 најефикасни електрични возила според ADAC Ecotest 2024

Германската автомобилска асоцијација (ADAC) го организира Ecotest, тестирање на електирични возила во реални услови на возење. На изданието за 2024 година беа тестирани вкупно 84 модели.

Од оваа силна конкуренција ADAC ги рангираше Peugeot E-208 и Peugeot E-308 на првите две места. Тие беа опремени со електричен мотор од 115 kW (156 КС). Третото Peugeot на овој тест, Peugeot E-2008, опремено со истиот мотор, го зазема првото место меѓу кросоверите, а помеѓу сите сегменти комбинирано одличното шесто место. Трите модели на Peugeot претставени на Ecotest 2024 покажуваат потрошувачка на енергија што поставува стандарди во нивните сегменти.

Peugeot Е-208 забележа скор од 16 kWh/100 км за додека  16,3 kWh/100 км беше потрошувачката на Peugeot E-308. Шесто пласираниот во генералниот пласман Peugeot Е-2008 му требаа 17,9 kWh/100 км. Интересно е што во потрошувачката беа вкалкурирана и загубата на струја при полнење. Лавовите што учествуваа на Ecotest 2024 овозможуваат автономија која е меѓу најдобрите во нивната класа и тоа 410 км за Peugeot E-208, Peugeot Е-308 од 413 км, и 406 км Peugeot E-2008 според WLTP во комбиниран циклус на возење.

Како и сите 100% електрични Peugeot возила, и овие модели можат да се полнат од 20 до 80% за максимум 30 минути. Со 12 модели, гамата на 100% електрични возила на Peugeot е најголема од сите европски мејнстрим производители и една од најефикасните. Најновото достигнување во електричната ефикасноста е новата верзија со долг домет на Peugeot E-3008 овозможена е автономија до 700 км со едно полнење што е најдобар опсег од сите кросовери во класата.

Овие извонредни резултати ја покажуваат ефикасноста на 100% електричните модели на Peugeot и амбицијата да биде лидер за електрични возила помеѓу мејнстрим производителите во Европа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER