Добра вест за возачите доаѓа од Регулаторната комисија за енергетика. Од утре горивата поевтинуваат во просек за 0,54%, но цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува непроменета. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за еден, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде поевтин за половина денар по литар. Од полноќ во малопродажбата ќе важат следните цени:
ЕУРОСУПЕР БС-95 77,00 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС-98 79,00 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 72,50 ден/лит.


