Поскапувања на горивата

Регулаторна вели „Не сме виновни!“

Објавено на 25 октомври 2018 година

Секои две недели нашите граѓани се пред нов нафтен шок – за колку регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија ќе ги поскапи горивата. А од таму велат дека тие не се виновни за тоа – цената на нафтата на светските берзи расте, а со неа и цените на дериватите кај нас. Плус додаваат расте и доларот, што директно влијае на брзината со која ќе ни се празнат резервоарите на возилата. Но на краткото прашање како се определуваат цените на горивата кај нас, одговорот е уште пократок – според Методологијата. Да, се пишува со голема буква и тоа е сé што официјално знаеме за неа. Донесена е како дел од договорот за продажба на Окта и заштитена е како највисока државна тајна. Што пишува во неа знаат само Грците и оние што ги кројат пресметките за поскапувањата на горивата – регулаторната комисија. Од нивните соопштенија ние знаеме само дека на цената на горивата кај нас влијаат берзанските цени на суровата нафта и нафтените деривати, како и курсот на доларот. Колку и како, односно кој од нив со каков процент, ќе остане непознато – можеби дури и после идниот јули кога таа конечно после 10 години ќе престане да важи. После тоа ќе се применува нов начин на пресметка на цените на дериватите, а дотогаш купувајте си на време апчиња против стрес секој втор понеделник.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER