Пијани возачи рекордери (со видео)

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Пијани возачи рекордери (со видео)

Објавено на 9 јули 2019 година

Полицијата кај нас, но и секаде во светот, има полни раце работа да се справи со пијаните возачи зад управувачот. Генерално дозволената количина алкохол во крвта изнесува 0,5 промили, но постојат сериозни разлики меѓу земјите во кои возите – некаде таа може да биде и 0,8 промили, а некаде нема толеранција – 0,0 е она единственото со кое може да седнете зад управувачот. За жал, некои стојат лошо со математиката и уште полошо со својата одговорност како возачи. Медицински, секоја количина над 4 промила алкохол во крвта е ризична за животот на оној што ја има – да не зборуваме дека со толку алкохол во крвта прашање е дали човек воопшто може да стои на своите нозе, а камо ли да вози. Црната статистика сепак забележала многу полоши екстреми – за кај нас нема податоци, но во Србија е уловен возач со 8 промили, и тоа женско лице, а во Хрватска рекордерот е пијан возач од Макарска со 7,44 промили алкохол во крвта. Но колку и да изгледаат овие бројки фрапантно, „вистинскиот“ рекордер е возач од Полска со неверојатни 14,8 промили. За да навистина сфатете колку бил пијан, неговата количина алкохол во крвта е резултат на испиени 24 шишиња пиво од половина литар или две цели шишиња водка, ракија или што и да пиел.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER