На Флорида електричните возила се палат сами од себе

Чуден феномен

Како драматична последица на ураганот што ја зафати Флорида, се случува чуден феномен – електричните автомобили спонтано се палат сами од себе како последица на тоа што биле поплавени од солената морска вода. Пожарникарите кои имаат полни раце работа едноставно не можат да стигнат насекаде и апелираат сите сопственици на електрични возила настрадани во поплавите да ги препаркираат од гаражите на празен простор подалеку од објекти или други автомобили. Како причина за ова се наведува можна хемиска реакција на литиумот од батериите со морската вода. Проблемот е дотолку поголем што таа продолжува и кога пожарот е изгаснат и возилото повторно за миг може да пламне. Според пожарникарите гаснењето на вака предизвикан пожар на електричните возила можат да трае и по шест часа.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER