Мотоцентар – Нов дијамант во круната

Партнерството со Nexen официјализирано!

Еден од најбрзо растечките производители на пневматици за македонски партнер го избра Мотоцентар

Мотоцентар Галерија во трговскиот центар Ист Гејт беше место на претставувањето на партнерството на Мотоцентар со компанијата Nexen Tire. Јужно Корејската марка, која стана избор за прво вградување на многу производители на автомобили, во своето портфолио опфаќа широк асортиман кој успешно се наметнува на пазарот.

Официјализирањето на партнерството со Мотоцентар беше искористено за претставување на летната понуда на пневматици N’FERA Sport и N’FERA Sport SUV.  По класифицирањето тоа се премиум спортски пневматици кои обезбедуваат одлични перформанси на дренажа преку широките жлебови и асиметричните шари, погодни за возење со голема брзина, на влажни и на суви коловози.

Доказ за тоа е што моделот N’FERA Sport е избран за прво вградување во Porsche Panamera. Генералниот директор на Мотоцентар, г-дин Горан Гроздоски, не го криеше задоволството што неговата компанија стана официјален дистрибутер на Nexen пневматиците за Македонија потврдувајќи ја деловна стратегија за континуиран развој и следење на пазарот.

Регионалниот директор за продажба на Nexen, г-динот Ивица Васиќ истакна дека Nexen е брзо растечка компанија која има четири фабрики и капацитет на производство на повеќе од 20 милиони пневматици од кои дури 40% се избор за прво вградување на повеќе автомобили, меѓу кои има доста од премиум марките, а со македонскиот партнер нема да биде фокусот само на продажбата.

Целта е на корисниците да им се овозможи секојдневна поддршка и безбедност. Пневматиците Nexen се достапни во сите 10 локации на Мотоцентар во пет градови низ Македонија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER