Забрана за бензинците и дизелите од 2035 година

Падна договор!

Европа се договори – сите нови автомобили од 2035 година ќе бидат без емисии. После не така долг период од пласирањето на иницијативната идеја, преговарачите на земјите членки на Европската Унија, европскиот парламент и европската комисија која ги подготвува законите се сложија производителите на автомобили да не продаваат нови возила на фосилни горива. Овој договор претставува голем успех за екологијата кој и покрај силното лобирање сé досега беше неизвесен заради негодувањето на некои земји. Според него новите стандарди за емисиите на јаглерод диоксид  ќе бидат воведувани во фази според кои до 2030-та просечните емисии мора да бидат намалени за 55 отсто кај автомобилите а за 50 кај доставните возила. Пет години после тоа сите мора да бидат 100 отсто чисти. Оваа одлука е јасен знак на производителите на возила да побрзаат со остварувањето на своите планови за електрификација. Преминувањето на еколошки прифатлив погон ќе помогне во остварувањето на крајната цел до 2050 година транспортот да стане климатски неутрален.

Сепак, од обврската за нулти емисии ќе бидат исклучени малите производители кои годишно продаваат помалку од илјада возила, главно хиперавтомобили. Оние пак кои произведуваат до десет илјади возила ќе имаат една година подолг рок да ги прочистат своите автомобили. Единствено можно сценарио моторите со внатрешно согорување кај другите производители да преживеат е користењето синтетички горива добиени од обновливи извори. Значајно за нас е што иако неофицијално се споменува дека во перспективно време овие нови правила се очекува да ги прифатат и земјите кандидати за Европската Унија, меѓу кои е и Македонија.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER