Женева 2019 :: Mitsubishi ASX

Mitsubishi ASX

Малиот самурај со ново руво

Објавено на 7 март 2019 година

Mitsubishi за Женева го подготви редизајнираниот и подобрен ASX. Новитетот лично го најави потпретседателот на компанијата задолжен за дизајн, кој истакна дека моделот со измените се доближува до нивниот слоган „Возете ја својата амбиција“. Веќе на прв поглед е јасно дека предниот дел до столбовите на покривот е сосема нов. Донесувајќи ја актуелната интерпретација на дизајнерското изразување на Mitsubishi, постигнат е модерен и динамичен изглед. Предните светла се со ЛЕД технологија, а целокупниот впечаток е доста посериозен. Назад корекциите се нешто помали. Нов е браникот, а светлата добија потполно нова графика.

Во редизајнираната внатрешност се среќаваат поквалитетни материјали, а најголема новост се подобрата поддршка за поврзување со телефон и поголемиот екран. На него сега е можно да се гледаат видеа преку УСБ приклучокот додека возило стои, а побогатите пакети опрема сериски ќе доаѓаат со Tom Tom навигација. Под капакот на моторот се наоѓа познатиот дволитарски бензинец спарен со 5-степен мануелен или 6-степен CVT менувач, а погонот може да биде на предните или на сите тркала. Продажбата на најмалиот кросовер на Mitsubishi ќе започне летово.

Овој модел во Америка се продава под името Outlander Sport, а во Јапонија како Mitsubishi RVR.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER