Дополнителна опрема скроена по мерка за Astra
Не помина долго време од домашната премиера на Astra и веќе доаѓа ново пријатно изненадување. Додека чекаме да пристигне караванската изведба увозникот Еуроимпекс известува за уште едно освежување во понудата на Opel, а тоа е оригинална дополнителна опрема за ѕвездата од Руселсхајм. Станува збор за повеќе додатоци направени специјално за популарниот компакт кои се од шминкерски и функционален карактер. Дополнителна опрема на Opel направена по мерка ги прават Astra и Astra Sports Tourer уште постилски, индивидуални и пофлексибилни. Понудата на дополнителна опрема се движи од привлечни декоративни елементи и робусни системи за товарање до ефикасна безбедносна опрема.
Еколошката ориентираност на Opel се истакнува преку верзиите со приклучен хибрид на ѕвезденото дуо достапни за сите кои претпочитаат да возат локално без емисија на штетни гасови. Понудата вклучува трифазен кабел за полнење Moд 3 (трифазен за полнење на брз полнач) и соодветна торба за складирање, како и универзален полнач со три адаптери во комплетот. Opel Astra со пет врати и Astra Sports Tourer веќе се издвојуваат со нивниот смел и елегантен дизајн. Сега се нудат бројни декоративни елементи за дополнително нагласување и прилагодување на изгледот. Палетата вклучува куќишта за внатрешните и надворешните ретровизори во карбонски изглед или во бојата на каросеријата на автомобилот како и додатоци за алуминиумските тркала кои осем декоративна имаат и аеродинамична функција, исто така во боја на каросеријата. Во патничкиот простор достапни се различни FlexConnect решенија за да ги држат предметите на свое место и да го направат патувањето позабавно.
Тие вклучуваат куки и закачалки за палто, како и држачи за таблети или масичка која се преклопува. FlexConnect додатоците може да се прицврстат на основниот носач, кој е поставен на потпирачите за глава на предните седишта и повторно се отстранува со едно движење на раката. За љубителите на спортувањето и за оние што сакаат да патуваат без да се лишат од омилените „играчки“ Opel има избор од различни системи за транспорт.
Со различните покривни кутии како и носачите за скии, сноуборд и велосипеди кои се специјално развиени од специјалистот Thule. Спортската опрема може да се смести едноставно, без да се оштети и извалка, а пред сè да биде безбедна. Вреди да се спомене дека се достапни патосници за кабината и за багажниот простор каде предметите може да се фиксираат со еластична мрежа. Со ова новата Astra и нејзината караванска изведба ќе станат уште по привлечни, пред сé, за нивните сопственици.
Сите информации се достапни во дилерската мрежа на Еуроимпекс и на сајтот www.opel.mk.


