Елена Ристеска има нов партнер – Nissan Juke

Елена Ристеска има нов партнер – Nissan Juke

Поп ѕвездата Елена Ристеска на осмомартовското рели пристигна како горд сопственик на новиот спортски купе кросовер

Објавено на 8 март 2020 година

На осмомартовското Женско рели 2020 кое се одржа во организација на Автомобилистичката федерација на Македонија, Елена Ристеска настапи како бренд амбасадор на комплетно новиот Nissan Juke. Таа не го криеше задоволството и изјави: „Заљубена сум во возилата на Nissan и иако ми беа понудени повеќе опции, уникатноста на моделот беше пресудна да изборот падне токму на Juke. Како лојален клиент на брендот со нетрпение очекував да пристигне новиот модел со кој ќе го заменам оној што веќе го возам. Токму затоа со задоволство прифатив да бидам дел од годинешната осмомартовската трка со останатите жени учеснички кои присуствуваат на настанот.“

Неодамна Nissan својата понуда на иновативни и наградувани кросовери, а исто така и најпопуларни електрични возила ја освежи со комплетно новиот Juke, кој со својата купеовска каросерија покренува една нова револуција и е подготвен уште еднаш да ги надмине своите перформанси на сегментот што и самиот ги создал. Покрај аеродинамичната каросерија и изглед кој воодушевува, новиот Juke поседува најсовремени технологии како што се Nissan Intelligent интеграцијата, Nissan Intelligent Mobility и ProPilot. Затоа и Симона Николовска, задолжена за односи со јавност и маркетинг комуникација во Аутомотив Груп, за него ќе каже: „Со напредната безбедност и асистирањето при возењето сигурни сме дека е идеален партнер за сите професионални и приватни патувања на Елена која е дел од нашето Nissan семејство и долгогодишен пријател на куќата.“

Новиот Juke веќе е изложен во ексклузивниот салон на Nissan. Повеќе детали за него може да се најдат на следниот линк http://www.nissan.mk/vozila/noviot-juke/pregled/.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER