Активно и пасивно филтрирање
Електричните возила на Audi ќе добијат филтер кој ќе го прочистува воздухот околу нив. Овој филтер наречен Urban Purifier ќе работи додека автомобилот вози или стои приклучен на полнач, што треба да придонесе за почист воздух во градовите. Развиен е во соработка со MANN+HUMMEL и се поставува зад маската на автомобилот кој возејќи ги собира од воздухот микрочестичките кои ги испуштиле другите возила. Кога автомобилот стои се активира вентилатор кој го провлекува околниот воздух низ филтерот. Инженерите на Audi имаат замислено во иднина овој систем да биде опремен со далечинско поврзување со градските сензори кои ја мерат загаденоста на воздухот за неговата работа да се прилагодува на моменталната ситуација.


