Бензините за еден, дизелот за два ипол денари
Добра вест за возачите – согласно движењата на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиов период, регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги намали цените на горивата во Македонија, на бензините за еден, а на дизелот за два ипол денари. Така од ноќеска на полноќ литар бензин еуросупер БС-95 ќе чини 88 денари, литар еуросупер БС-98 ќе се продава по 90,50 денари, а литар еуродизел БС Д-Е V по 100,50 денари.