Формула 1 е скап спорт…
Големата награда на Лас Вегас ќе се одржи на 18-ти ноември како претпоследна трка сезонава
Тоа би требало да ветува неизвесност околу шампионот, иако со добра доза веројатност може да се каже дека Ферштапен дотогаш ќе ја осигура титулата. Но тоа не е пречка да се очекуваат голем, дури и број фанови да дојдат во престолнината на забавата да го следат најбрзиот циркус.
А тој не само што е најбрз, туку е и најскап – да се обезбеди место со добар поглед на улиците на Лас Вегас чини цело богатство. Најевтино со само 500 долари ќе поминат оние кои ќе си обезбедат таканаречен general admission билет кој дозволува пристап на повеќе локации, но не ви обезбедува место – ако има има, ако не… Посебно место на високо поставените трибини чини од 2.500 до дури 10.000 за оние со најдобар поглед. Организаторите нудат и викенд влезница за сите три дена која просечно чини 6.651 долар. Дополнително, на хотелите и рестораните кои имаат поглед на патеката им се побарани по 1.500 долари по човек, а ако одбијат пред нив ќе биде поставен ѕид, а сигурно е и дека угостителите ќе ги дигнат своите цени до небески височини.
Како и да е, се очекува F1 спектаклот во Лас Вегас во живо да го следат стотици илјади луѓе.



