Аутомотив Груп – Next Time бренд амбасадори на Renault во Македонија

Доаѓањето на кросоверот Austral Е-tech на нашиот пазар е означен со нова соработка

Аутомотив Груп, увозникот за Renault за Македонја, спои два бренда со цел да го промовира новото поглавје на својот принципал. Ренолуција започнува со целосно Austral, модел кој внесува поптполно нова филозофија во идните модели на марката со силен фокус на електрификацијата, задоволството во возењето и имплементација на напредни технологии. Честа да станаат бренд амбасадори на „француската автомобилска револуција“ припадна на нашата музичка група Next Time. Во следниот период тие ќе го промовираат најдоброто од хибридната технологија од францускиот производител во согласност со новата глобална стратегија за промовирање на 100% електричниот опсег на Renault E-Tech.

Мартин Филиповски не го криеше задоволството. Тој изјави: „Новиот Renault Austral не освои со неговата целосна убавина, комфортност и прилично добра економичност на трошење. Ние како артисти сме изложени на многу патувања и настапи и потребно беше да имаме возило што ги исполнува сите услови кој ги бара едно патување. Надворешниот дизајн на Austral според нас е донесен до перфекција како  и ентериерот кој е доведен до совршенство. Навигацијата што е исклучително важна за луѓе кои често патуваат е според нас перфектна. Задоволство е да се соработува со компанијата Аутомотив Груп како генерален импортер на брендот.” Трансформацијата на Renault е амбициозна која генерира вредност преку електрификацијата на својата палета на производи.

Преку неговиот дизајн, приспособувањето на моторот и другите карактеристики, целосно новиот Austral ги истакнува силните страни на Renault во производството и технологијата. Стратегијата на брендот како и интегритетот и стандардите кон кои стреми бендот Next Time  комплетно соодетствува со кросоверот Austral кој одговара на постојано растечката побарувачка за патување без ограничувања, истовремено заштитувајќи ја животната средина. Моделот Austral e веќе изложен во салонот на Renault со промотивна цена од 29.450 евра и е достапен за тест возење.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER