Анкета на компанијата Nokian Tyres » Европските возачи се плашат од брзо возење на снежни лизгави патишта

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Европските возачи се плашат од брзо возење на снежни лизгави патишта

Скоро половината европски возачи веруваат дека брзината е главниот ризик поврзан со возењето автомобил во зима. На второ место возачите како закана ги ставаат лизгавите патишта покриени со снег. На прашањето за можностите за подобрување на безбедноста во зима, најчест одговор беше дека тоа е користењето специјализирани зимски пневматици. Анкетата е спроведена во пет земји – Германија, Франција, Италија, Полска и Чешка.

Објавено на 6 февруари 2020 година

Според анкетата на компанијата Nokian Tyres, перцепцијата на најголем ризик на патиштата во зимско време попрво е поврзана со брзото возење отколку со лошите услови на патот, проблематичното време или лошата видливост заради атмосферските услови и фактот дека во зима се стемнува многу порано отколку во другите годишни времиња. Опасноста поврзана со пречекорувањето на брзина посебно ја нагласија Полјаците и Германците (57% односно 56% од испитаниците). Тоа е главен фактор на ризик во зимскиот период и за Чесите (52%) и Италијанците (43%). Само француските возачи ги истакнаа лизгавите патишта покриени со снег како најважен фактор на ризик (45%), додека само 32% од испитаниците тврдеа дека брзото возење претставува најопасен начин на однесување на патот. Во останатите земји покриени со анкетата, замрзнатите патишта се споменати како втора најважна закана (со исклучок на Германија). Воопшто, европските возачи недоволното растојание од возилото напред го препознаа како трет најважен фактор на ризик. Треба да се спомене дека тој проблем воглавно го истакнуваа Германците (дури 50% од нив, наспроти 25% до 33% во другите земји).

Специјализираните зимски пневматици значат

Во просек, само 29% од испитаниците го наведоа користењето на излижани пневматици како опасност на патот, сместувајќи ги на ниското 8 место меѓу факторите на ризик. Истовремено, кај прашањето за можностите за подобрување на безбедноста во текот на зимата, возачите најчесто ја наведуваа употребата на специјализирани зимски пневматици (скоро 2/3; а дури 80% во Италија). Втор најдобар начин за подобрување на безбедноста претставува проверување на длабочината на шарата, додека трет најважен чекор е одржувањето на системот за сопирање на автомобилот. Анкета даде помалку противречни резултати. Од една страна, возачите не го сметаат користењето на излижани пневматици голем ризик во текот на зимата. Од друга страна, како можност за подобрување на безбедноста на патот тие го гледаат користењето на специјализирани зимски пневматици и одржувањето доволна длабочина на шарата.

„Пневматиците се единствени точки на контакт на автомобилот со коловозот и нивната состојба е од клучна важност за безбедноста во сообраќајот, во ситуации како што се кочењето на пат под снег или ненадејна промена на лентата на коловоз покриен со лапавица. Користењето излижани пневматици го продолжува патот на запирање на автомобилот и отежнува управувањето, посебно во лизгави услови. Покрај тоа, пневматиците не успеваат да ги исфрлат снегот или лапавицата под себе, што создава чувство како патот под вас да исчезнал”, вели Мартин Дражик, производствен менаџер во компанијата Nokian Tyres Europe.

Треба да се напомене дека само неколкумина возачи сметаат дека постои потреба за користење синџири за снег на зимските патишта. Само 14% од европските возачи ги наведоа синџирите за снег како фактор кој ја унапредува безбедноста. Тоа е веројатно затоа што тие се навистина неопходни само на доста стрмни нагорници, на пример во планини. Тоа во многу што објаснува зошто овој дел од опремата е важен за скоро четвртина Французи и нешто помал процент Италијанци.

Кога е време за промена на пневматиците

Nokian Tyres е светски познат производител на врвни зимски пневматици. Оваа компанија ги измисли првите зимски пневматици пред повеќе од 80 години. Постојат доста нејаснотии околу тоа кога навистина морате да купите нови зимски пневматици. Законскиот минимум за длабочина на шарата на зимските пневматици во повеќето европски земји изнесува 3 mm. Сите зимски пневматици од марката Nokian Tyres имаат патентиран DSI индикатор за безбедност на возењето и симбол на снегулка односно индикатор за безбедност во зимски услови кои брзо и лесно ви покажуваат колку се пневматиците потрошени. Броевите на газечката површина ја означуваат преостанатата длабочина на шарата. Симболот на снегулка е видлив додека длабочината на шарата не достигне четири милиметри, што е потребна длабочина за безбедно зимско возење. Кога симболот на снегулка ќе се излиже, возачот треба да купи нови зимски пневматици за да обезбеди адекватно ниво на безбедност.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER