Борбата ден за ден преживување го замори
Акио Тојода ја напушта должноста главен извршен директор и претседател на Toyota. „Гледајќи наназад, овие 13 години беа период на борба за преживување ден за ден и тоа е мое искрено чувство”, рече тој. Сепак 66-годишниот автомобилски ентузијаст нема да отиде во пензија – тој преминува на местото претседавач на одборот на директори. Неговото место ќе го пополни Коџи Сато, кој моментално е бренд директор на марката и претседател на Lexus и Gazoo Racing. Тојода ја спроведе компанијата основана од неговиот дедо низ патот до најголем светски производител на автомобили соочувајќи се со низа предизвици. Секогаш во првите редови и немајќи влакна на јазикот тој ќе остане запаметен како уникатна личност. Тоа што го мислеше јавно го кажуваше, често предизвикувајќи бура во авто-индустријата.



