Ќе пропадне ли поранешната Zastava?

Stellantis сé уште нема пресечено

oбјавено на 5 февруари 2022 година

Минатата година фабриката на Fiat во Крагуевац работеше само педесетина дена за кои произведе помалку од 20.000 возила од моделот 500L. Скори сите освен околу 1.600 кои се пласирани на други пазари, се извезени во Италија. За наследникот на овој веќе застарен модел никој не сака да зборува, ниту пак за судбината на некогашната фабрика на Zastava која ја моторизираше цела Југославија. Fiat сам по себе веќе не е надлежен, а новиот сопственик Stellantis не сака да се изјасни. Нејзината судбина е сосема неизвесна иако српската влада која поседува 33% од неа нема така лесно да се откаже. За жал шансите да успее да се избори да ја одржи во живот не се големи – никој досега нема ниту збор кажано кои се плановите и намерите на Stellantis, додека пак аналитичарите не можат никако да ја сместат во иднината на корпорацијата, ниту структурно ниту пак според возилата што ги произведува или што може да ги произведе, нормално, после големи инвестиции. Во секој случај, извесна е само неизвесноста.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER