ЈП Градски паркинг – зимско работно време

Вести Македонија

Започнува зимската наплата на паркирањето

Од денеска паркиралиштата на Градски паркинг ќе наплаќаат по зимско работно време

Објавено на 1 октомври 2021 година

Првиот ден на октомври секоја година јавното претпријатие Градски паркинг го менува работното време за кое се плаќа паркирањето на локациите со кои тоа управува. Така од денеска зоните А, Б и Ц ќе се плаќа за паркирање секој работен ден од 7 до 21 часот а во сабота до 14 часот, додека за зоната Д (Аеродром и болница 8-ми септември) работното време ќе трае од понеделник до сабота од 7 до 23 часот. Исклучок се зоните Д62, Ц80 и Ц81 (Зоолошка градина, град Скопје и тениски клуб АБЦ) каде паркирањето ќе се наплатува само од понеделник до петок од 7 до 21 часот. Распоредот на зоните, цените и дозволеното времетраење на паркирањето остануваат непроменети.