Цени на горивата: Бензинот не издржа, се врати на старото

Бензинот не издржа, се врати на старото

Објавено на 10 септември 2019 година

Според системот на клацкалка, регулаторната комисија за енергетика повторно ги корегираше цените на горивата – и овој пат за малку, но сега истовремено во спротивни насоки бидејќи бензинот поскапе, а дизелот поевтини. Според нивната одлука, од утре за литар гориво ќе плаќаме по половина денар помалку за бензин 95, односно половина денар повеќе за дизел, додека цената на бензинот од 98 октани останува иста. Тоа значи дека на апаратот за точење горива на бензинските станици ќе нé пречекаат цени од 66,50 денари за еуросупер БС-95, 69 за еуросупер БС-98 и 61,50 денари за еуродизел БС Д-Е V, до кои е дојдено заради намалувањето на референтната цена на бензинот на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период за 2,20%, нејзиното зголемување кај дизелот за 0,89% и поскапувањето на доларот во однос на денарот за 0,81%.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER