Цената на нафтата падна под 20 долари

Top News Занимливости

Цената на нафтата падна под 20 долари

Поточно порасна ама за 0,15% во однос на претходниот ден, на 19,93 долари

Објавено на 16 април 2020 година

Нафтената војна меѓу Русија и Саудиска Арабија заврши, ама цената на нафтата продолжи да паѓа. Сите велат дека причината за тоа се задоцнетите мерки бидејќи заради пандемијата на коронавирусот побарувачката драстично се намали. Тоа предизвика од почетокот на годината цената на црното злато да падне за повеќе од 50 отсто. Исто така, бројките велат договорените 10 милиони барели дневно намалено производство се ниски, бидејќи се проценува дека побарувачката во овој момент е помала за 27 милиони барели дневно. Ако на тоа ги додадеме и веќе натрупаните залихи кои мора да се распродадат без разлика на цената бидејќи производителите нема веќе каде да ги чуваат, тогаш сé станува јасно. Посебно ако се знае дека Американците одлучија да ги зголемат своите резерви сурова нафта и тоа исклучиво од сопствени извори, што се закануваше да ги остави домашните рафинерии без суровина за производство на деривати. Затоа и испораките на сурова нафта од Саудиска Арабија кон САД во овој период се зголемија дури за 7 пати. Работите отидоа толку далеку што еден огромен саудиски танкер со 300.000 тони товар нагло беше пренасочен од својата првична дестинација и заплови кон американските води. Познавачите велат дека тој во моментот е осми што од Саудиска Арабија плови натаму, а се полни уште еден.

Ако се знае сето ова, работите со ниската цена на нафтата стануваат малку појасни,нели?!