Фатална убавина
Објавено на 18 октомври 2019 година
Убавината може да биде фатална. Во тоа се увери и еден 30-годишник од Косово кому полицијата во Диселдорф му го заплени тјунираниот BMW X5. Освен очигледната причина – златната фолија која е опасна за безбедноста во сообраќајот, неговиот теренец имал затемнети задни светла и модифициран издув, што исто така е спротивно на законот. Според соопштението на полицијата возилото е запленето во склоп на акцијата „Тјунинг, но безбеден“ во која „настрадаа” уште три автомобили и еден мотоцикл, а поднесени се и 17 пријави и напишани 25 казни во вкупна висина од 4.160 евра. Цената на вакво „опточување со злато“ на автомобилот во Германија чини меѓу 2.500 и 3.000 евра.