Уште една тура награди од Макпетрол

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Уште една тура награди од Макпетрол

Најсреќните ги добија наградите од шестото редовно и третото мастер коло од наградна игра „Со Верна полни и секогаш добиј“

Објавено на 19 септември 2019 година

Макпетрол денес во продажно-сервисниот салон на Хонда ги додели наградите од шестото редовно и третото мастер коло од наградна игра „Со Верна полни и секогаш добиј“. На настанот свое учество земаа претставници од Макпетрол АД, како и најсреќните добитници. Во своето обраќање официјалните лица на компанијата истакнаа дека оваа наградна игра им е особено важна, затоа што се добива можност да се креира за верните потрошувачи кои преку користење на горивата и услугите веќе се или ќе бидат добитници на вредни награди. Додадоа и дека Верна програма за лојалност е една од најпопуларните програми од таков вид во земјата бидејќи веќе има 175.000 членови, бројка од ден на ден постојано се зголемува и која за компанијата е најголемо признание за напорната работа и континуираното ангажирање во насока на достигнување што поголем број задоволни корисници.

Во рамките на шестото редовно коло беа доделени лап-топ Dell, а како главна награда од третото мастер коло беше доделен четирицикл ATV Honda TRX 500 FM. Покрај нив, овој месец уште над 40 најсреќни потрошувачи добија вредни награди. Од компанијата додадоа дека во шестото редовно коло учествуваа 198.000, а во третото мастер коло речиси 400.000 квалификувани трансакции, но од сите нив само двајца беа среќни добитници на овие вредни награди – тоа се Ненад Миклош кој дома си отиде со лап-топ Dell, а најсреќниот ова коло беше Томе Николовски, добитникот на прекрасниот четирицикл ATV Honda TRX 500 FM.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER