Уште еден филантропски потег на Toyota (со видео) :: Бесплатни 24.000 патенти за хибридните технологии

Бесплатни 24.000 патенти за хибридните технологии

Според бројките Toyota можеби не е најголем производител на возила, но според однесувањето секако е

Објавено на 12 април 2019 година

Дали знаевте дека Toyota има дури 24.000 патенти поврзани со хибридните технологии? Сите тие вклучително и новите чие регистрирање е во процедура, сега ќе бидат бесплатно достапни за секој што е заинтересиран. И не само тоа – бесплатна ќе биде и техничката поддршка за оние што своите електрифицирани возила ќе ги втемелат на нивните технологии. Со ова јапонскиот производител му овозможува на индустрискиот свет побрзо да се електрифицира и да направи голем исчекор кон возилата со нулти емисии.

https://www.youtube.com/watch?v=OyF52mJflOE

Што значи овој филантропски потег на Toyota не треба многу да се објаснува. Во моментов автомобилската индустрија е драстично раслоена на ова поле. Едни како Toyota се далеку напред. Други имаат искуства но се мачат со големите трошоци потребни за развој и за технологиите за помасовно производство. Трети пак од истите причини се сосема исклучени од овој процес од кој зависи каков воздух во иднина ќе дишеме. Политичкиот притисок во облик на нови норми за издувните гасови не секогаш е целосно делотворен, бидејќи заострувањето на прописите може да ги исфрли од игра оние што немаат доволно ресурси да се подготват за нив.

За да не се случи тоа а со оглед на краткото време за реакција и фаќање вистински чекор, управата на Toyota се реши на овој потег. Бесплатните патенти се однесуваат на сите хибридни технологии – моторите, батериите, контролните единици и сé друго поврзано со тоа и ќе важат до 2030 година. Јапонците нив ги развиваа повеќе од две децении. Првиот Prius на кој светот гледаше како на чудно заморче беше претставен во декември 1997 година. Од него беа произведени само 37.425 примероци. Вистинскиот модел следеше во 2000-тата, кога започна доминацијата на Toyota. Таа до денес има продадено повеќе од 13 милиони хибриди и во моментов држи околу 80 отсто од глобалниот пазар. Но веќе самиот тој факт го спречува ширењето на хибридните возила, бидејќи тие учествуваат со само 3 отсто во вкупната продажба во светот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER