Уште еден удар за Еуро 7 – Критиките доаѓаат од реалниот сектор

Извршниот директор на Renault вели дека регулативата Еуро 7 ја одвлекува индустријата од електрификацијата

Европската комисија е под перманентен притисок од автомобилската индустрија, но и од повеќето влади на земјите членки. Причината е регулативата Еуро 7. На критиките се приклучи извршниот директор на Renault, Лука де Мео, кој изјави дека предложените правила на Европската унија за емисиите Еуро 7 за возилата ќе го одвлечат вниманието на автомобилската индустрија од нејзиниот пат кон потполна електрификација и се заблагодари на италијанската влада што им се спротивстави. Де Мео смета дека со Еуро 7 само се одвлекува фокусот индустријата да стане целосно електрична.

Земјите од ЕУ и пратениците во Европскиот Парламент оваа година треба да преговараат за предложената нова легислатива Еуро 7 со која се заоструваат ограничувањата на емисиите на азотните оксиди и јаглерод моноксидот што ги произведуваат автомобилите и треба да стапи на сила за автомобили и комбиња од јули 2025 година и за автобуси и камиони две години подоцна. На ваквата клима влијание има и избрзаната одлука до 2035-та во ЕУ да се сопре со производство на возила со мотори со внатрешно согорување. Прва се спротивстави Германија чие влијание собра доволно гласови одредбата за забрана да се редефинира, со што се даде зелено светло за производство на моторите што ќе користат синтетички горива.

Неодамна на ова се надоврза италијанскиот министер за транспорт, Матео Салвини, кој отворено ја нападна регулативата Еуро7 и ја квалифицира како избрзана, непотребна и дека воведување ќе биде премногу скапо за производителите. Згора на тоа на Италија и се придружија уште девет земји членки во иницијативата за блокирање на воведувањето на Еуро7.  „Европската унија сака да воведе нова регулатива која ќе нè одвлече од нашата мисија да ја трансформираме индустријата“, рече Де Мео. „Ова ќе бара од нас да вложиме многу пари на работи кои немаат иднина, па би сакал Европската унија да може да ги преиспита своите намери“.

Оваа изјава има специфична тежина бидејќи Де Мео, воедно е и претседател на европската асоцијација на производители на возила и автолоби група АСЕА. Таа е сочинета од 14 најголеми европски производители на возила, а изјавата била усогласена со италијанската влада. „Италија зазеде многу јасен став за ова и ѝ благодариме за поддршката“. Претходно овој месец, италијанскиот министер за транспорт Матео Салвини рече дека Италија и сојузниците во ЕУ „имаат бројки“ за да ја блокираат регулативата Еуро 7.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER