Утре е голем ден за Volkswagen :: Започнуваат нарачките за електричниот I.D.

Започнуваат нарачките за електричниот I.D.

И не само за VW, туку и за целата автомобилска индустрија а воопшто и за човештвото

објавено на 7 мај 2019 година

Ако досега електричните автомобили беа егзотика, тие дефинитивно го започнуваат финалниот дел од патот кон нашето секојдневие благодарејќи на Volkswagen и неговото I.D. семејство. Сите што сакаат да бидат дел од историјата во креирањето на почиста иднина за наше живеење, од утре ќе можат да го нарачаат неговиот прв член. На невидено мора да кажеме, бидејќи до овој момент сé уште официјално ниту се познати деталите ниту пак цената или финалниот изглед на хечбекот.

За да се задржи мистериозноста но и вниманието на јавноста, во меѓувреме се појавија пар фотографии на модел кој наводно треба да има ознака I.D. 3. Според некои кои се сметаа добро информирани токму тој е носителот на електричните активности на марката, а новододадената бројка во ознаката навестува дека неговите електрични браќа место со криптични зборови како концептите ќе бидат означени со бројки од 1 до 9. Потврдата за ова доаѓа и од фактот дека VW веќе ги има заштитено ознаките I.D. 1 до 9 за употреба. Неофицијално, купувачите на овој автомобил можат да очекуваат три изведби со различен капацитет на батериите, а со тоа и автономијата. Конкретно се споменуваат батерии од 48, 62 и 80 kWh кои ќе обезбедат автономија од 330, 450 и 550 километри. Веројатно и силината на електромоторот ќе се разликува – од досега познатите информации најмоќниот I.D. би требало да има околу 150 коњски сили. Се очекува цената да стартува од 30 илјади евра. Официјалната премиера ќе се одржи во септември на салонот во Франкфурт, а првите испораки ќе стартуваат наскоро после тоа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER