Секој втор со вратена километража уште во Германија
Ако купувате стар автомобил од странство, треба ова да го знаете
Објавено на 4 август 2019 година
Враќањето на километражата на старите автомобили е јавна тајна. Во сива зона меѓу легалното и неморалното, тоа е зафат што продавачите на стари возила најпрво го прават, дури и пред да ја проверат исправноста на она што го нудат. Посебно кога станува збор за увезени автомобили од странство, на чии километражи можеме да им веруваме само доколку покажуваат многу. Свесни за проблемот, Германците како нација од каде доаѓаат најголем дел од старите автомобили, во организација на ADAC направија истражување и дојдоа до заклучок дека секој трет автомобил кој се продава таму има вратена километража, а од оние што се извезуваат таков е секој втор. Ако на ова се додаде и праксата увезените автомобили првиот „третман“ пред продажбата дома да го имаат токму со бројките на километражата, тогаш е јасно каква мачка во вреќа купуваме…
За манипулациите со километражите е свесен и европскиот парламент кој малку срамежливо но сепак покрена иницијатива во иднина ваквите дејности да се третираат како казнено дело.