Стартуваше електричната офанзива на Opel

Стартуваше електричната офанзива на Opel

Со новата Corsa-e и силниот хибрид Grandland X, Opel ја стартуваше својата електрична офанзива

Објавено на 11 септември 2019 година

Нема што, секоја чест – за толку кратко време да се постигне толку многу што веќе ни се чини како претходните модели на Opel да беа од минатиот век. Само поглед на Corsa е доволен, дури и без фактот дека таа, заедно со Grandland X, ja започнуваат електрична офанзива во која марката наново ќе се докажува. Нема да и биде тешко бидејќи Corsa со нови сили ќе продолжи таму каде нејзините пет претходни генерации жареа и палеа – во доста тражениот европски Б-сегмент. Погонскиот склоп на електричната Corsa е идентичен како и оној на Peugeot e-208. Развива 136 KS и има вртежен момент од 260 Nm, што значи дека ќе биде доста агилна – според Opel на Corsa-e и требаат само 8,1 секунда од нула до 100 km/h, време што повеќе прилега на спортските автомобили. Има автономија од 330 km според WLTP, а батериите од 50 kWh можат да се наполнат до 80% од капацитетот за 30 минути.

Во електричната офанзива нејзе ќе и се придружи plug-in хибридниот Grandland X, чии 300 KS се распределуваат на сите четири тркала. Двесте од нив се производ на 1,6 литарски турбобензинец, а остатокот на два електромотора кои се напојуваат од батерии со капацитет од 13,2 kWh. Едниот електромотор е поврзан со 8-степениот автоматски менувач, додека вториот е задолжен за задната оска и го обезбедува 4×4 погонот. Четирите режими на возење – електричниот, хибридниот, AWD и спортскиот ќе им овозможат на возачите да ги прилагодуваат особините на автомобилот на желбите или потребите. Само на струја, Grandland X Hybrid4 може да помине педесетина километри.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER