Спектакл под светлата на рефлекторите » IAA Франкфурт ги отвора вратите

IAA Франкфурт ги отвора вратите

Салонот на автомобилите во Франкфурт утре ги отвора своите врати – првите два дена за новинарите меѓу кои и нашата екипа, а после тоа за оние кои ќе платат по 15 евра за влезница

Објавено на 9 септември 2019 година

Најочекуваниот автомобилски настан есенва утре стартува – Франкфурт ќе биде домаќин на преку 800 изложувачи од автомобилската индустрија, меѓу кои како и секогаш досега домашните производители ќе го предводат орото. Честа марамчето да го врти годинава ќе го има електричниот ID.3 на Volkswagen, а веднаш до него ќе бидат Porsche Taycan и суперѕвездите на Bugatti. Ќе следат адутите на BMW, Opel и Mercedes, а со ритамот нималку нема да доцнат ниту Land Rover, Hyundai, Honda, Mini… На франкфуртското оро сепак нема да ги има Alfa Romeo, Citroen, Fiat, Jeep, Mazda, Mitsubishi, Nissan, Suzuki, Toyota, Volvo…

Но како и да е, ние сме веќе таму и во живо ќе ги гледаме играорците – кои и да се – како ја плетат иднината на автомобилската индустрија и за тоа ревносно ќе ве известуваме.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER