Се појави Kia ​​EV5

Електричниот компактен SUV во производствена форма

Електричниот Kia EV5 го наследи изгледот на концептот, а електромоторот и батериите ги  добива од BYD

Благодарение на кинеското министерство за индустрија и информатичка технологија, можеме да ги видиме дизајнот и спецификациите на новиот електричен SUV Kia EV5 порано од очекуваното. Тој своето официјално деби треба да го има во наредните недели, но бидејќи ќе се произведува во Кина мораше да  биде пријавен кај властите. Треба да се знае и дека овој модел на Kia не е наменет само за кинескиот пазар, туку е планиран и за извоз во сите светски региони.

 

Дизајнерите на Kia во  целост го задржаа изгледот на концептот претставен во март годинава, со исклучок на мали измени кои се тешко забележливи. Тоа се традиционалните место дигиталните странични ретровизори, рационализираните рачки на вратите, зголемениот отвор за полнење и суптилно изменетите ЛЕД светла. Димензиите на EV5 во целост се задржани – должината од 4.615, широчината од 1.875 и височината од 1.715 mm, како и меѓуоскиното растојание од 2.750 mm, мерки кои го поставуваат EV5 како електричен пандан на Sportage.

 

Имплементиран на E-GMP архитектурата со предно мекферсон ослонување и мултилинк задно, според познатите спецификации кросоверот на Kia ќе биде опремен со синхрон електричен мотор со постојан магнет од Vitesco кој генерира 215 коњски сили пренесувани на предните тркала. Максималната брзина ќе биде електронски ограничена на 185 km/h, а струјата ќе се складира во литиум-железо-фосфатни батерии од BYD, но прецизни податоци за автономијата во моментов не се достапни. Се очекува дека Kia најверојатно ќе додаде варијанта со два мотора и погон на сите тркала, која засега не е потврдена.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER