Се ближат одмори, горивата поевтинија ⛽ и тоа доста!

И тоа доста!

Објавено на 10 јуни 2019 година

Случајно или не, секогаш кога ќе дојде време за одмори горивата кај нас поевтинуваат. Така е и сега, кога регулаторната комисија за енергетика ги крои цените на нафтените деривати според нова формула. А таа вели дека нивната малопродажна цена се намалува во просек за 4,18% во однос на досегашната, односно на бензините за 3, а на дизелот за 2,50 денари за литар. Уште поофицијално, тоа значи дека од утре за литар еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 66,50 денари, за литар од еуросупер БС-98 по 69, а за литар еуродизел Д-Е V по рамно 60 денари. Според образложението на нашата регулаторна комисија за енергетика, причина за ова предгодишноодморско поевтинување на горивата е намалувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период кај бензинот во просек за 9,39% и кај дизелот за 7,92%, како и поевтинувањето на доларот за 0,402%.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER