Семафорите на иднината по мерка на пешаците

Семафорите на иднината по мерка на пешаците

Објавено на 4 јуни 2019 година

Иако со децении наназад (за жал не и кај нас) на пешаците им е дадена можност донекаде да ги контролираат семафорите, физичките тастери ќе останат во минатото – нив ќе ги заменат умни семафори кои ќе знаат кога пешакот ќе сака да ја помине улицата. Ваквото решение веќе е подготвено од страна на техничкиот универзитет во Грац, чии истражувачи ги опремија семафорите со камери. Принципот на работа е едноставен – кога електрониката ќе детектира пешак што приоѓа за да ја помине улицата, го вклучуваат зеленото светло. Овој систем наречен компјутерско око скенира одредена површина и реагира за неколку секунди. Покрај тоа, неговото функционирање е флексибилно и тој може да го продолжи траењето на зеленото светло доколку уште некој пешак навлезе во зоната што се надгледува, или пак веднаш да се врати на црвено ако нема друг.

Битно е што ова не е само експериментален проект – технологијата веќе се трансферира кај компанијата задолжена за семафорите во Виена, која до крајот на идната година се подготвува да опреми неколку локации во австрискиот главен град со умни семафори, со цел да се оцени функционирањето и практичноста.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER