САД – Субвенциите за ЕВ по нови правила

Од први јануари 2024 електричните возила со компоненти на батериите од Кина, Иран, Северна Кореја и Русија ќе станат поскапи

Администрацијата на претседателот Бајден прецизираше нови ограничувања кои ќе влијаат на проценката кои електрични возила продадени во САД се подбни за даночни олеснувања според Законот за намалување на инфлацијата. Како нов критериум се воведува потеклото на материјалите од кои батериите се направени.

Оние ЕВ што некоја од компонентите на батериите е направена или составена во она што САД го сметаат за „странски ентитет на загриженост“ нема да може да добие федерални даночни субвенции во висина од 7.500 американски долари. Во списокот на  FEOC (Foreign Enthity Of Concern) се вклучени Кина, Иран, Северна Кореја и Русија. Министерството за финансии на САД ќе ја усвои дефиницијата на Министерството за енергетика за FEOC. Првите реакции доаѓаат од Кина која веќе обвинува дека овој акт е директно посочен против нејзината индустрија и потиснување на производите што доаѓаат од таа земја во САД.

Компанијата ќе биде прогласена за FEOC ако е основана, со седиште во или врши релевантни активности или ако најмалку 25% од нејзиниот капитал, места во одборот или сопственички интереси се директно или индиректно поврзани со една од земјите споменати погоре. За да нема забуни, Министерството за финансии ќе им  обезбеди на производителите на автомобили информациите што им се потребни за да ги испитаат нивните синџири за снабдување и да ги следат минералите на батериите за да одредат кои од нивните возила се квалификуваат за даночни олеснувања.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER