Супер 95 поскапува, дизелот под стотка!
Од полноќ горивата претрпуваат нова корекција на цените. Овој пат, подебелиот крај го извлече БС-95 чија цена се зголемува за половина денар. БС-98 останува на истите позиции, додека победник на оваа регулација е Еуро Дизелот кој ќе биде поевтин за денар и половина. Месец ноември започнува со следните малопродажни цени:
ЕУРОСУПЕР БС–95 90,50 ден/лит.
ЕУРОСУПЕР БС–98 92,50 ден/лит.
ЕУРОДИЗЕЛ (Д–Е V) 99,00 ден/лит.