Ристо Вуков – Следната сезона ќе настапува во Porsche Supercup

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Чекор поблиску до Формула 1

Македонскиот автомобилски ас, кој успешно настапуваше во италијанскиот Carrera Cup се искачи за степеник повисоко. Имено, од следната сезона тој ќе ги брани боите на тимот за кого настапува, но овој пат во Porsche Supercup. Забележителните настапи во рамките на италијанскиот Carrera Cup му го донесоа новиот ангажман на Рико кој скромно и без помпа го најави своето учество во ова елитно ГТ натпреварување, кое, патем речено, е под патронство на Формула 1, а од таму биле ангажирани повеќе возачи во најбрзиот циркус на светот. Тука Вуков ја гледа својата шанса уште повеќе да се докаже и да го оствари својот сон, да стане еден од 20-те возачи во Формула 1. Патот до таму е тежок и трнлив, но не е невозможен.  Неговиот „тренер“ Милош Милосављевиќ информира дека натпреварувачките возила се Porsche Carrera GT3 992 со мотор од околу 575 коњи, а според правилата на купот возилата немаат никаква електроника за стабилност ниту контрола на тракцијата.

Тоа се многу брзи возила кои не простуваат грешки, комплицирани се за возење, но затоа тамошните учесници имаат извонредни возачки вештини и не е чудо што од ова натпреварување регрутирани се многу возачи во Формула 1. Дополнителен стимул е што трките од Porsche Supercup се одржуваат на исти патеки како Формула 1 и тоа два часа пред стартот на главната трка. Следната сезона стартува на патеката Имола во мај а ќе заврши во септември во Монца 2023 година. Во тој период ќе се одржат вкупно осум трки на европски патеки. Иако сезоната на автомобилистичките трки заврши, Рико уште идната недела заминува за Италија каде на патеката Валелунга ќе се запознае со своето ново возило со кое ќе настапува идната сезона. Искрено се надеваме дека Ристо Вуков ќе продолжи со успесите за својот тим Ombra и дека ќе стане првиот Македонец што ќе се искачи на возачкиот Монт Еверест, во шампионатот на Формула 1.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 82.00 ден
  • еуросупер 98 - 84.50 ден
  • еуродизел Д5 - 73.00 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 82.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER