Премиерата на 2 август
Со најавите „Започнува нова авантура“ во Европа и „Легендата се враќа“ во САД, Toyota ја најави сосема новата генерација на Land Cruiser
Уште неколку дена и новиот Land Cruiser ќе ја има својата премиера која Toyota ја најави за 2 август во 10 часот според јапонско време со фотографија која одговара на главното прашање што се поставуваше. Имено, сите досегашни информации за идниот Land Cruiser навестуваа дека ќе има ретро изглед што оваа фотографија на која се гледаат предниот дел на новата и генерацијата од 1980-тата го потврдува. Сегашниот Land Cruiser е на пазарот само три години (генерацијата пред него владееше со светските беспаќа цели 14 години), но се продаваше само во Јапонија, Блискиот Исток, Русија, Австралија и пар источноазиски земји, додека новата генерација ќе биде глобален модел.


