Пристигнува најмоќниот Porsche Cayenne 💪 Ем турбо, ем хибрид

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Ем турбо, ем хибрид

Porsche за моделската 2020 година ја збогати понудата на Cayenne

Објавено на 13 август 2019 година

Со ознака Turbo S E-Hybrid, најмоќниот Porsche Cayenne со своите 680 KS набргу ќе се најде на пазарот по цена од 172.600 евра во Германија. Нарачки за него веќе се примаат, а купе верзијата ќе биде за околу 4 илјади евра поскапа. За сите тие пари купувачите ќе добијат 4,0 литарски битурбо V8 мотор со 550 KS и електромотор со 136 KS. Ангажирани заедно ќе го забрзаат до 100 km/h за 3,8 секунди и дотераат до максимални 295 km/h. Само со електромотор ќе може да се движи до 135 km/h, но не повеќе од 40 километри колку што автономија обезбедуваат литиум-јонските батерии од 14,1 kWh. Porsche уште наведува дека просечната потрошувачка изнесува 3,7 литри и 18,7 kWh на 100 km. Разликата во цената од преку 30 илјади евра во однос на регуларниот Cayenne Турбо треба да ја оправда и стандардната опрема во која се среќаваат карбон-керамички сопирачки, воздушно ослонување, тркала од 21 инч, Torque Vectoring систем, Chrono пакет, Launch Control…

За оние пак кои се повеќе по ефикасноста а помалку по перформансите постои и попристапна верзија на Cayenne и Cayenne Coupe со хибриден погон. Во ознаката ги нема Turbo и S, а под хаубата ѝ фалат два цилиндри, еден литар работна зафатнина и 218 коњи. Така спакуван забрзува до 100 km/h за 5,1 секунда, постигнува 253 km/h и троши 3,1 литар гориво и 17,7 kWh на 100 km, a на струја ќе помине 43 km. Цената во Германија изнесува 91.684 евра, плус уште нешто а 4 илјади за купе верзијата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER