Премиум АГС со акциски понуди
Акциски цени за XC линијата и бесплатен зимски преглед ги очекуваат сите сопственици на Volvo автомобили во Македонија
Објавено на 12 декември 2018 година
Премиум АГС како нов дилер на Volvo Cars во Македонија стартуваше со конкретни акции наменети за сите љубители на шведската марка – специјални акциски цени за моделите XC40, XC60 и XC90 со вклучена Polestar оптимизација, Style кит или сет зимски пневматици со алуминиумски тркала. XC40 кој беше прогласен за европски автомобил на годината за 2018-та ќе биде достапен веќе со цена од 32.190 евра за T3 Intro верзијата. Малиот спортски теренец носи во себе големи иновации и богата дополнителна опрема. XC60 пак, кој беше избран за светски автомобил на годината, покрај акциската цена од 49.990 евра за D4 Momentum изведбата, кај Премиум АГС може да се добие со можност за избор меѓу Polestar оптимизација, Style кит или сет зимски пневматици со алуминиумски тркала. XC90 D5 AWD A Momentum+ кој претставува луксузна комбинација помеѓу совршената безбедност, софистицираната силина, неверојатна удобност и елегантен дизајн сега е достапен со цена од 74.990 евра. Дополнително и за овој модел се нуди бесплатна Polestar оптимизација, Style кит или сет зимски пневматици со алуминиумски тркала.
Освен акциските понуди за новите купувачи, од Премиум АГС обезбедија и пријатно изненадување за постоечките сопственици на Volvo автомобили во Македонија – бесплатен зимски преглед кој го вршат врвно обучени сервисери. Од Премиум АГС подготвуваат и уште една новост но за напролет – во тек е изградбата на сосема нов салон за Volvo автомобилите според најновите светски стандарди.