Нова платформа за електрична иднина
Honda покажува дека напорно работи на своето ветување до 2030 година две третини од моделите да бидат потполно електрични
Со препознатлив дизајн и најнова технологија, e:Ny1 ја следи развојната филозофија на Honda. Смелата и софистицирана надворешна естетика е подржана со целосно нов електричен идентитет за Honda.
По вокација кросовер, ова е второ потполно електрично возило на компанијата што ќе биде присутно на пазарот. Почнувајчи од овој модел сите БЕВ на марката на поклопецот на багажникот наместо традиционалниот знак со буквата „H“ ќе имаат натпис Honda. e:Ny1 е изграден на новоразвиената e:N Architecture F на Honda. Под подот се наоѓа литиум-јонска батерија со висок капацитет што испорачува домет до 412 km (WLTP) и можност за брзо полнење што може да достигне од 10 до 80% за само 45 минути.
Максималната моќност е 150 kW, 310 Nm вртежен момент, а склопот е дизајниран да обезбеди непречено и удобно забрзување и забавување. Паметното пакување на компонентите на електричниот погон гарантира дека e:Ny1 нуди извонреден внатрешен простор и удобност. Целосно новата централна конзола има едноставен распоред на лесно достапни копчиња, повеќе опции за складирање и безжично полнење.
Пред возачот избегнат е класичниот кластер со инструменти и заменет е со екран од 15,1 инч. На централната конзола сместени се два екрани чувствителни на допир, па инфозабавниот систем обезбедува пристап до сеопфатен пакет на информации за забава и опции за возење. Целосно новото подвозје развиено специјално за БЕВ обезбеди подобрена торзиона ригидност.
Заедно со новата платформа и погонската група, тие се комбинираат за да понудат динамични перформанси, исклучителна удобност и префинетост што возачите всушност го очекуваат од Honda. На европскиот пазар Honda e:Ny1би требало да дебитира во последниот квартал на годинава.


