Audi го претстави RS6 Avant GT како последно специјално издание и кулминација на семејниот болид
Пред неколку години Audi го претстави концептот RS6 GTO создаден од дванаесет чираци кои инспирацијата ја добија од тркачкиот автомобил Audi 90 quattro IMSA GTO од 1989 година.
Сега нивната храброст е материјализирана со ограничена серија од 660 примероци која не само што делува застрашувачки моќно, го има и најсилниот мотор што е вграден во RS6. Како што доликува на вакво издание каросеријата содржи многу елементи од јаглеродни влакна. На тој список, осем ретровизорите и дизајнерските акценти, ставени се перфорираната хауба и предниот браник.
Караванот има масивен спојлер а шините на покривот се отстранети за поспортска силуета. Во внатрешноста доминира црната кожа, алкантара и црвениот тапацир. Вградени се нови спортски седишта со потпирачи за грб од карбонски влакна, а на централната конзола има сериска табличка. И токму оваа плоча ќе ја дефинира вредноста на овој модел за колекционерите.
Audi RS6 Avant GT ќе се произведе само во 660 примероци. Audi RS6 Avant GT го има добро познатиот V8 TFSI со четири литарска работна зафатнина, кој дише со помош на два турбополначи. Неговата максимална моќност е заокружена на 630 КС и максимален вртежен момент од 850 Nm, кој се испорачува помеѓу 2.300 и 4.500 вртежи во минута. Audi RS6 Avant GT е помоќен и побрз од најмоќните модели во палетата на Audi, моделите RS6 и RS7.
И не е само моторот што е дотеран на поголема моќност. Каросеријата е олеснета со употреба на карбонски композити, суспензијата е спуштена за 10 mm, а сето тоа вклучува можност за рачно прилагодување на цврстината на спиралните пружини. Вградени се и поцврсти попречни стабилизатори, поцврсти електронски контролирани амортизери, а адаптации претрпе и централниот диференцијал, за да има поголема испорака на моќност до задната оска.
Секако, перформансите се очекувани. Audi RS6 Avant GT до „стотка“ забрзува за 3,3 секунди, од место сказалката се искачува до 200 за 11,5 секунди, а максималната брзина е 303 км/ч. Семејниот болид ќе се понуди во вториот квартал на годинава, најверојатно со почетна цена од 220.000 евра.