Половни автомобили :: Купувате ли паметно?

Купувате ли паметно?

Кои модели најмногу губат на вредноста?

Објавено на 12 април 2019 година

Купивте нов автомобил и среќни се одвезовте дома. Но дали сте свесни дека тој веќе има изгубено 30 отсто од својата вредност? Купувањето автомобил секогаш е уживање и во тој момент никој не се оптоварува со вакви негативни економски математики. Вистината не е толку драстична, но сепак еднакво е болна. Најновите истражувања покажуваат дека во првите пет години автомобилите во просек губат дури 52 отсто од својата вредност. Секако, разликите се големи во зависност од марката, моделот, класата и моторот, кои се главните параметри што ја диктираат цената на половните возила. Влијание имаат и предрасудите и одржувањето, а изненадувачки е колку малку поминатата километража и опременоста на возилото се ценат.

Генерално гледано, својата цена најдобро ја држат германските возила. Предничат премиум марките Mercedes, Audi, BMW, Porsche и секако Volkswagen. После нив купувачите најмногу ја вреднуваат јапонската Toyota, а спротивно на врежаното уверување релативно добро се држат и французите. Зад нив се производителите од Јужна Кореја, додека купувачите најмалку доверба имаат во половните возила од Италија и Америка. Кога е во прашање класата, цената најмногу им паѓа на луксузните автомобили како што се Audi A8 или BMW од серијата 7. Тие во просек губат цели 61% од вредноста во првите пет години. Логично, најдобро се држат најбараните возила – малите градски автомобили а следат компактите и средната класа. Својата вредност одлично ја сочувуваат и спортско-корисните модели, што е и очекувано со оглед на нивната популарност во последниве години. Меѓу нив сепак постојат големи разлики. Така на пример половен Porsche Macan се цени многу повеќе – тој за пет години ќе загуби 46 отсто, во однос на Volkswagen Touareg кој има за 52 или Alfa Romeo Stelvio со 57 отсто помала вредност. Интересно но не и неочекувано е што и вредноста на електричните автомобили брзо паѓа – во просек за 53 отсто за првите пет години.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER