Полициска Tesla остана без струја гонејќи криминалци!
Објавено на 27 септември 2019 година
Криминалците, нормално, немаат обзир дека на човештвото му е потребен чист воздух и избегаа на полицијата кога нивната Tesla гонејќи ги, остана без струја. Полицаецот Џес Хартман од градот Фримонт каде е седиштето на калифорнискиот производител на електрични возила мораше да застане бидејќи преостанатата автономија на неговатата Tesla Model S 85 падна на помалку од десет километри. За волја на вистината ниту неговите колеги со бензински полициски автомобили не можеа да ги фатат бегалците од законот бидејќи тие едноставно беа пребрзи. Не е познато каков автомобил користеле. Вината за ова не се лоцира во автономијата која изнесува 420 километри, туку на наполнетоста на батериите, бидејќи се случува (очигледно често) откако ќе им заврши смената полицајците што го користеле електричниот автомобил да не го приклучат на полнач. Властите во Фримонт сепак се задоволни од автомобилот кој пред години како пилот проект се има вклучено во полициската флота, тврдејќи дека тој во целост може да ги исполнува полициските задачи. Ние би додале – да возеа и криминалците електричен автомобил, приказната најверојатно би имала друг крај.