Покажана производствената верзија на Koenigsegg Gemera (видео)

Четири седишта и 2.300 коњски сили

Koenigsegg го надмина своето ветување – првиот модел на шведската компанијата со четири седишта ќе има повеќе сила отколку што беше најавено

Ако постојат супер и хиперавтомобили, тогаш за Koenigsegg Gemera можеме да кажеме дека е мегаавтомобил. Така го нарекуваат и Швеѓаните кои го создадоа, не само заради тоа што е првиот на компанијата со четири седишта туку и заради тоа што има моќност поголема од 1 MW. Поточно 1.400 коњски сили колку што извлекоа од неговиот електрично засилен дволитарски трицилиндричен мотор. Но тоа не е сé – кој сака со дебела доплата може да го добие и со петлитарскиот V8 мотор од Jesko со кој развива вкупно 2.300 коњски сили.

Тука може слободно да престанеме да зборуваме, но за овој модел ги спојува удобноста на семеен и карактеристиките на хиперавтомобил има уште многу што да се каже. Агресивните линии со големи врати кои се отвораат нанагоре вешто кријат колку простор има него. Употребата на лесни материјали во конструкцијата ја намали тежината под два тона, а има место и за багаж. Перформансите официјално не се соопштени, но се споменуваат максимални 400 km/h и забрзување до првите 100 за 1,9 секунди.

Производството на Gemera ќе започне при крајот на следната година. Планирани се триста примероци чија цена за скромната варијанта треба да изнесува 1,7 милиони, додека доплатата за V8 опцијата чини 400 илјади долари.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER