Познати сумите на новиот данок за возила

Top News Македонија

Познати сумите на новиот данок за возила

Со објавувањето во службен весник, сумите со кои ќе се даночат возилата во Македонија после нова година станаа официјални

Објавено на 31 декември 2019 година

Како што знаеме, новиот данок за моторни возила се состои од две компоненти – според вредноста и според емисиите на јагленород диоксид. Вредносната компонента на овој данок кој ги заменува досегашните акцизи се одредува врз основа на продажната вредност на возилото без вклучен данок на додадена вредност на возилото, која според уредбата на владата изнесува:

  • за возила до 10.000 евра – 0%
  • за возила над 10.000 до 12.000 евра – 1,0%
  • за возила над 12.000 до 14.000 евра – 2,0%
  • за возила над 14.000 до 16.000 евра – 4,0%
  • за возила над 16.000 до 18.000 евра – 6,0%
  • за возила над 18.000 до 20.000 евра – 8,0%
  • за возила над 20.000 до 23.000 евра – 10,0%
  • за возила над 23.000 до 26.000 евра – 12,0%
  • за возила над 26.000 до 29.000 евра – 14,0%
  • за возила над 29.000 до 32.000 евра – 16,0%
  • за возила над 32.000 до 35.000 евра – 17,0%
  • за возила над 35.000 до 40.000 евра – 18,0%
  • за возила над 40.000 до 50.000 евра – 19,0%
  • за возила над 50.000 – 20,0%

Еколошката, односно специфичната компонента како што официјално е наречена е изразена во денари и се пресметува како производ на количината јагленород диоксид што ја емитува соодветното возило помножена со коефициентот наведен во табелата, кој е различен за бензинските (вклучително и возилата со погон на течен нафтен или компримиран природен гас) и дизел автомобилите:

  • за возила кои емитуваат 0 g/km CO₂ – 0 денари за секој грам
  • за возила кои емитуваат над 1 до 50 g/km CO₂ – 5 денари за бензинските и LPG и CNG односно 10 за дизелите за грам
  • за возила кои емитуваат над 51 до 75 g/km CO₂ – 10 денари за бензинските и 20 за дизелите за секој грам
  • за возила кои емитуваат над 76 до 90 g/km CO₂ – 20 денари за бензинските (40 за дизелите) за секој грам
  • за возила кои емитуваат над 91 до 100 g/km CO₂ – 30 денари за бензинските (60 за дизел) за секој грам
  • за возила кои емитуваат над 101 до 110 g/km CO₂ – 40 денари (80 за дизел) за секој грам
  • за возила кои емитуваат над 111 до 130 g/km CO₂ – 50 (100) денари за секој грам
  • за возила кои емитуваат над 131 до 140 g/km CO₂ – 70 (130) денари за секој грам
  • за возила кои емитуваат над 141 до 150 g/km CO₂ – 100 (160) денари за секој грам
  • за возила кои емитуваат над 151 до 170 g/km CO₂ – 130 (190) денари за секој грам
  • за возила кои емитуваат над 171 до 190 g/km CO₂ – 160 (220) денари за секој грам
  • за возила кои емитуваат над 191 до 225 g/km CO₂ – 190 (250) денари за секој грам
  • за возила кои емитуваат над 226 до 255 g/km CO₂ – 220 (280) денари за секој грам
  • за возила кои емитуваат над 256 g/km CO₂ – 250 (320) денари за секој грам

Електричните возила се ослободени од овој данок, за плаг-ин хибридите се плаќаат 50% од пресметаната вредност, додека хибридите го плаќаат во целост.

Примената на новиот закон за данок на моторните возила стартува од 1 јануари 2020 година, со тоа што вредноста на еколошката компонента во 2021 година ќе биде зголемена за 25%, а од 12 јануари 2022 година за 50%.